ДДВ е данокот каде што најлесно се греши — погрешен период, погрешна стапка, фискална сметка наместо фактура. Секоја грешка се враќа со корекција и камата. Затоа пред секоја пријава ги проверуваме документите, а не само збировите.

Што опфаќа

  • ДДВ пријави — месечни или квартални, со проверка на периодот на секоја фактура (кога е извршена услугата, кога е примен авансот).
  • Регистрација за ДДВ — задолжително при промет над 2.000.000 денари, или доброволно од почетокот на годината.
  • Услуги од странство — претплати за софтвер, cloud, реклами и консултации од странски даватели, каде што ДДВ го пресметува примателот (обратно оданочување).
  • Право на одбивка — што смее, а што не смее да се одбие (возила, репрезентација, сместување), и кој документ е потребен.
  • Данок на добивка — месечни аконтации и годишен даночен биланс.
  • Персонален данок (е-ПДД) — договори на дело, авторски хонорари, закупнини, бенефиции за вработени.

Зошто со нас

Секој одговор го засноваме на текстот на законот, со член и став. Кога правилото не е јасно, ви го кажуваме тоа однапред — пред да донесете одлука, не по контролата.