Оваа политика објаснува кои лични податоци ги обработуваме кога го посетувате foster.mk или кога ни пишувате, зошто, колку долго и кои права ги имате. Ја донесуваме согласно со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/2020, 294/2021 и 101/2025), член 17.

1. Кој е контролор

Фостер Аутсорсинг ДОО Скопје
Бул. Видое Смилевски Бато 7, 1000 Скопје
ЕДБ 4032017533774 · ЕМБС 7183410
Е-пошта: info@foster.mk · Телефон: 077/896-622, 078/375-787

За сè што е поврзано со вашите лични податоци пишете ни на info@foster.mk.

2. Кои податоци обработуваме

Кога ни пишувате — преку формата на сајтот (која ја отвора вашата е-пошта), директно на е-пошта или по телефон: име и презиме или назив на фирмата, е-пошта, телефон ако го наведете и содржината на пораката.

Технички записи на серверот — при секоја посета серверот на хостингот бележи IP адреса, датум и време, побарана страница и вид на прелистувач. Тоа е стандардно за секој веб-сервер и служи за безбедност и за откривање грешки.

Колачиња и следење — сајтот не користи колачиња, алатки за аналитика ниту пиксели за реклами. Фонтовите, сликите и сите други датотеки се на нашиот сервер, па сајтот не вчитува содржини од други сервери. Ако ова се промени, претходно ќе побараме ваша согласност.

3. Цел и правна основа

Цел Правна основа (чл. 10 став 1 од Законот)
Одговор на вашето прашање и подготовка на понуда активности на ваше барање пред склучување договор (алинеја 2)
Ако станете наш клиент — водење на работата за вас исполнување договор (алинеја 2) и законски обврски на сметководството (алинеја 3)
Технички записи на серверот легитимен интерес — безбедност и функционирање на сајтот (алинеја 6)

4. Кој ги гледа податоците

Податоците не ги продаваме и не ги отстапуваме за маркетинг. Ги користат само нашите вработени, кога е потребно за целта погоре, и обработувачите што ни ги даваат техничките услуги:

  • Македонски Телеком АД Скопје — хостинг на сајтот;
  • Microsoft (Microsoft 365) — е-пошта; податоците на нашата сметка се чуваат во податочни центри во Европската унија.

5. Колку долго ги чуваме

  • Пораки и прашања — до 2 години од последната комуникација, освен ако склучиме договор; тогаш важат роковите од договорот и од прописите за чување сметководствена документација.
  • Технички записи на серверот — до 12 месеци, потоа автоматски се бришат.

6. Вашите права

Имате право да побарате пристап до податоците (чл. 19), нивна исправка (чл. 20) или бришење (чл. 21), ограничување на обработката (чл. 22), преносливост (чл. 24) и да поднесете приговор (чл. 25). Барањето пратете го на info@foster.mk.

Имате право да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци (чл. 17 став 2 точка 4).

7. Дали мора да ни ги дадете

Не. Давањето податоци е доброволно и не е законска обврска. Без е-пошта или телефон, сепак, нема да можеме да ви одговориме.

8. Автоматизирано одлучување

Не донесуваме одлуки ниту правиме профилирање врз основа на автоматизирана обработка на вашите податоци.

9. Измени

Политиката ја менуваме кога се менува начинот на кој обработуваме податоци. Важечката верзија е секогаш на оваа страница, со датумот на последната измена.