Парите од странство не стигнуваат сами на сметката. Банката бара да се наведе основот на приливот, а ако тоа не се направи навреме, средствата стојат и чекаат. Заемите од странство, пак, се пријавуваат до Народната банка во кратки рокови.
Што опфаќа
- Девизни приливи — одредување на основот на плаќање според договорот (не според текстот во SWIFT пораката) и пополнување на овластувањето за банката.
- Плаќања во странство — основи и документација за одливите.
- Заеми и кредити од нерезиденти — пријава на договорот, на секое користење и на секоја отплата до Народната банка.
- Влогови во капитал од странски содружници — основ и евиденција.
- Сметководствен третман — курсни разлики, камати и обврски кон странски партнери.
Зошто е важно
Погрешен основ значи погрешна евиденција и дополнителна работа при следниот прилив, а пријавите за заемите имаат рокови од неколку работни дена. Ние го читаме договорот, го избираме основот и ја подготвуваме документацијата — вие само потпишувате.