Платата е единствената обврска што вработените ја проверуваат секој месец. Покрај пресметката, тука се и документите: договори, анекси, решенија — кои мора да бидат на време и во форма што ја бара законот.

Што опфаќа

  • Месечна пресметка на плати — бруто, нето, придонеси и персонален данок, МПИН пријава и налози за плаќање.
  • Договори за вработување — на определено и неопределено време, со анекси за продолжување потпишани пред истекот на договорот.
  • Годишен одмор — пресметка на деновите и решенија.
  • Престанок на работен однос — оставка, спогодба, отказ, со соодветните пријави за осигурување.
  • Бенефиции за вработени — ваучери, спорт-пакети, приватно здравствено осигурување и нивното оданочување.
  • Договори на дело и авторски договори — пресметка на данокот и е-ПДД.

Што добивате

Секој месец ги добивате пресметката и налозите подготвени за плаќање. Кога треба нов документ — вработување, продолжување, одмор, престанок — го подготвуваме според Законот за работните односи и ве потсетуваме пред рокот.