Книговодството е основата на сè: од него излегуваат ДДВ пријавите, платите, годишната сметка и одговорите на прашањето „како стоиме?“. Ние го водиме така што во секој момент знаете што е платено, што е отворено и што следува.

Што опфаќа

  • Главна книга и аналитика — купувачи, добавувачи, банки, благајна, со усогласени салда по секој партнер.
  • Книжење на изводи и фактури — секој документ поврзан со книжењето, со прикачен PDF, за да се најде за секунди.
  • Основни средства и амортизација — регистар на средствата и месечна пресметка.
  • Месечни и квартални прегледи — бруто биланс, отворени ставки, состојба на обврски и побарувања.
  • Годишна сметка и финансиски извештаи — биланс на состојба, биланс на успех, даночен биланс и прилози, поднесени во законските рокови.

За кого

За трговски друштва (ДООЕЛ, ДОО), но и за адвокати, нотари и други самостојни вршители на дејност, кај кои годишната сметка содржи биланс на приходи и расходи, а данокот се пријавува со ДЛД.

Како работиме

Документите ги праќате електронски, ние ги заведуваме и книжиме, а пред секој рок ги проверуваме салдата: дали транзитните сметки се нула, дали има ставки на погрешна страна, дали изводите се совпаѓаат со книгите. Грешката е полесно да се исправи во март отколку при даночна контрола.